Француски багети со путер
Состојки
- 200мл млеко
- 20гр свеж квасец
- 1лажиче сол
- 1/2лажиче шеќер
- 1лажица растопен путер
- 1/2изматено јајце
- Околу 380гр брашно
- за премачкување
- 40гр растопен путер
- За одозгора
- 1/2јајце, Сусам
Подготовка
Меки и вкусни лебчиња за појадок е мојот предлог.
Подготовка:
1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, квасец, шеќер. Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, путер, јајце, половина за во тестото, половина за премачкување. Ако користите мали М јајца, ставете цело. Промешуваме и постепено се додава брашно.
Замесуваме мазно и меко тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.
2. Потоа се дели на 2,3 топки. Секоја топка се расукува во правоаголна кора. Се премачкува со путер.
Се преклопува левата страна во средината на кората, се премачкува, па десната страна во средината.
И таа се премачкува, се поклопуваат и двата краја во средината. Се формира коцка.
Вака подготвени се ставаат во фрижидер да од стојат 15 минути.
3. Потоа од секоја коцка се сучи правоаголна кора. Танко се премачкува и се витка ролат. На неколку места се засекува. Се покриваат и се оставаат на топло 30 минути. Се премачкува со јајце, се посипува со сусам.
4. Се печат во загреана рерна да заруменат. Се оставаат на решетка да се подизладат и се сервираат.