Посни, бели триаголници
Состојки
- 150гр мелени посни бисквити
- 80гр сецкано желе
- 40гр сецкани лешници
- 100гр растопен маргарин
- 50гр растопено бело чоколадо
- 50гр шеќер во прав
- Сок од портокал, по потреба, околу 50 мл
- Малку растопено црно, посно чоколадо за премачкување одозгора.
Подготовка
Вкусни, лични триаголници е мојот денешен предлог.
Подготовка
1. На тивок оган се растопуваат чоколадото и маргаринот.
Во еден сад се ставаат шеќерот во прав, мелените бисквити, сецканите лешници, желе бомбони. Со лажица се промешува.
2. Се додаваат сок од портокал и растопените маргарин и чоколадо. Смесата убаво се изедначува.
Се нанесува во триаголен калап, кој е обложен со прозирна фолија.
Се остава во фрижидер да се излади
3. Се вади од калапот, се премачкува со растопено чоколадо и се сечи на парчиња. Сервираме