Испечати

Паста од хељда во сос од брокула и сончоглед (посно)

Паста од хељда во сос од брокула и сончоглед (посно)

Состојки

  • 200гр. паста од хељда
  • 1/2 главица брокула
  • 4 лажици сончоглед
  • 1 чешне лук
  • 6 лажици оризова неутрална павлака за готвење
  • 1/2 лажичка куркума
  • по потреба сол, бибер, маслиново масло
  • По потреба веган сирење

Подготовка

Кај нас паста многу често се спрема. Затоа гледам што почесто да смислам некој нов сос. Кој е љубител на брокула сигурна сум дека ќе му се допадне.

Подготовка
1. Најпрвин семките сончоглед ставете ги да отстојат во вода минимум 1 час. Потоа убаво исплакнете ги со вода.

2. Ставете ја пастата да се вари во зовриена солена вода. Брокулата исечете ја на помали цветчиња и ставете ја во тава со малку вода. Покријте и оставете да се динста. Нека остане крцкава.

3. Префрлете ја брокулата во висок сад за блендирање. Додајте ги сончогледот, лукот, маслиново масло, куркумата, сол, бибер и по потреба од водата во која се вари пастата. Изблендирајте убаво со рачен блендер.

4. Префрлете го сосот во тава и додајте ја оризовата павлака за готвење. Ако има потреба додајте уште од водата во која се вари пастата. Сварената паста исцедете ја и измешајте ја со сосот.

Послужете со парчиња веган сирење.