Испечати

Три вида посни бомбици

Три вида посни бомбици

Состојки

  • Бомбици со кајсии
  • 200 гр суви кајсии
  • 50 гр индиски ореви
  • 1 лажица мед
  • 1 ванилин шеќер
  • кокос по потреба
  • Бомбици со семки
  • 50 гр семки од тиква
  • 50 гр семки од сончоглед
  • 50 гр сусам
  • 300 гр урми
  • 150 гр ореви
  • кора од портокал
  • вода по потреба
  • Бомбици со лешници
  • 200 гр лешници
  • 200 гр урми
  • 2 лажици кокосов путер
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици какао

Подготовка

Бомбици со кајсии:
1. Сувите кајсии ставете ги во врела вода да постојат еден час.
2. Индиските ореви сомелете ги.
3. Во блендер ставете ги кајсиите, ванилата и медот и блендирајте, додека не се создаде мека смеса.
4. Во неа додајте ги оревите и измесете ја. Ако е помека додајте неколку лажици кокосово брашно. Оформете бомбици и извалкајте ги во кокосово брашно.
Бомбици со семки:
1. Семките потпечете ги на сува тава.
2. Урмите ставете ги во топла вода да омекнат, а потоа изблендирајте ги.
3. Оревите сомелете ги.
4. Измешајте ги сите состојки, додајте ја и ренданата кора од портокал и по потреба додајте неколку лажици вода се додека не се добие смеса од која ќе можете да ги правите бомбиците.
5. Извалкајте ги во сомелени семки од тиква.
Бомбици со лешници
1. Лешниците сомелете ги.
2. Урмите накиснете ги во топла вода и потоа сомелете ги.
3. Исто сомелете ги и овесните снегулки.
4. Кокосовиот путер стопете го.
5. Измешајте ги сите состојки и смесата ставете ја во фрижидер да се стегне.
6. Бомбиците валкајте ги во сомелени лешници.