Испечати

Баклава - Штрудла (со фил од јаболка) посно

Баклава - Штрудла (со фил од јаболка) посно

Состојки

  • 500 гр Готови кори
  • 1 кг Јаболка (мерени излупени)
  • 150 - 200 гр Шеќер
  • 150 гр Маргарин
  • 1-2 лажици Цимет
  • по потреба Масло (за премачкување на корите)
  • Шербет
  • 500 мл Вода
  • 400 гр Шеќер
  • 1 Ванила
  • нек.кругчиња Лимон

Подготовка

Не е штрудла, ама не е ни класична баклава, комбинација е од двете, ама сепак е превкусен десерт, особено за љубителите на сочни десерти со шербет.

Подготовка

1. Најпрво го припремаме филот. Се лупат јаболката и ги рендаме на крупната страна од рендето. Се пржат се додека да изврие течноста која ќе ја пуштат, па го додаваме шеќерот (во количина по вкус, зависно колку се благи јаболката ), го додаваме и маргаринот, пржиме уште некое време, па прикрај додаваме цимет. Тргаме настрана. Филот го распоредуваме на онолку делови колку што ќе правиме ролатчиња.

2. Корите ги делиме на неколку купчиња од по 3 или 4 кори (во зависност од дебелината на корите) јас ги делев на 3. Секоја кора ја премачкуваме насекаде со масло, па на последната ставаме на долниот дел од филот, завиткуваме ролат и го редиме во плехот во кој ќе се печат. Постапката е иста со останатите кори. Ролатчињата ги сечеме на парчиња.

3. Печеме во загреана рерна на 200 степени (до заруменување). Печената штрудла - баклава нека олади.

4. Подготовка на шербетот - Во тенџере ги ставаме водата, ванилата и шеќерот, нека зовријат, и вариме уште 10-15 минути. Ги додаваме и кругчињата лимон. Нека здивне 2-3 минутки, па со врелиот шербет ги попаруваме изладените ролатчиња. Оставаме неколку часа да упие убаво шербетот, па послужуваме.

Забелешка - Овојпат ја направив основната верзија на оваа баклава - штрудла, но многу е вкусно доколку додадете и мелени ореви во филот, а може и суво грозје.

На здравје!