Миризливо лепче
Состојки
- 1 чаша топла вода
- 1 пакетче сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 3 чаши брашно
- Прелив
- 2 чашниња лук
- 1/2 киска магдонос
- 5-6 лажици маслиново масло
- 100 гр кашкавал
Подготовка
Прекрасно, вкусно, меко и миризливо лепче.
Подготовка
1. Стандардно, најпрво ставете го квасецот и шеќерот во водата, додајте 2-3 лажици брашно, промешајте и оставете го десетина минути.
2. Во квасецот додајте две чаши од брашното, измешајте, а потоа, малку по малку, додавајте од третата, месејќи. Tестото треба да остане малку лепливо. Покријте го и оставете го да стаса.
3. Сега на набрашнета површина малку измесете го и расучете го во кружна форма, со големина на тепсија бр.32, која претходно сте ја покриле со хартија.
4. Со остро ноже или со ноже за пица исечете го на коцки. Помеѓу ставете од преливот. За него истолчете го лукчето, ставете го исечканиот магдонос и маслото. Со четче премачкајте ја смесата преку целото тесто. Помеѓу ставете од кашкавалот кој сте го исечкале на тенки ленти. Покрите ја тепсијата и тогаш вклучете ја рерната.
5. Печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво не зарумени.