Испечати

Кус кус салата со пиперка и суво грозје

Кус кус салата со пиперка и суво грозје

Состојки

  • 10 лажици кус кус
  • 1 пиперка црвена
  • 10 лажица суво грозје
  • 1мал кромид
  • 1 сок од лимон
  • 50мл маслиново масло
  • 1/4лажиче куркума
  • 1/3лажиче нане суво
  • 2 шери патлиџани

Подготовка

Прекрасна посна салата, која ја пробав одамна. Решив да ја направам и јас дома, па читајќи што имаше на составот на амбалажата, успеав до дојдам до приближниот вкус. Интересен состав, мешан вкус, кој мене ми се допадна. Може да се стави и брусница, а може и суво грозје.

Подготовка:

1. Се става кус кусот да набабри со топла вода. Кога е готов се помешува со останатите состојки кои претходно ги исецкавме на ситно. Оставив неколку покрупни зрна брусница и суво грозје, за декорација на самата салата. Мене повкусна ми е со брусница, зашто покиселкаст вкус ми дава.

2. Полејте маслиново масло и сок од лимон, нека се соедини и служете. Зачинете со нане и куркума.

На здравје со вкусната посна салатка.