Потпечена каша од просо
Состојки
- 2 јаболка
- 1 лажиче кокосово масло
- 1 банана
- 100 гр просо
- 150 мл вода
- 150 мл домашно кокосово млеко ( или друго по ваш избор )
- 1 лажица мед
- 3 лажици сецкани ореви
- ½ лажиче цимет
- 1 лажица брусница
- 1 лажица суво грозје
Подготовка
Подготовка:
1. Просото го ставаме во вода да стои во текот на ноќта. Следниот ден го цедиме, го миеме со ладна вода и повторно процедуваме.
2. Јаболката ги лупиме, ги сечиме на половина и ги сечиме на тенки парчиња. Садот во кој ќе печиме го премачкуваме со кокосовото масло, на дното редиме од јаболката, врз нив наросуваме цимет и ставаме половина од сецканите ореви.
3. Во длабок сад ја ставаме банана и ја пасираме со виљушка. Го додаваме медот и просото, промешуваме. Ги додаваме водата, млекото, брусницата и сувото грозје. Промешуваме. Смесата ја ставаме врз јаболката. Одозгора ги ставаме преостанатите парчиња јаболка, ореви и цимет.
4. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 35 -40 минути, зависно од рерната, додека не изврие течноста и не се потпечи кашата. Оставаме малку да се излади, послужуваме со путер од јатки по желба.
На здравје