Испечати

Овесни Банана палачинки (посно)

Овесни Банана палачинки (посно)

Состојки

  • 1 чаша (од 240мл) или 100 гр Овесни снегулки
  • 1 Ванила
  • 1 Банана
  • 130-140 мл Овесно млеко
  • 1/2 м.л. Цимет
  • 1 м.л. Пециво
  • Плус Мед (за одозгора)

Подготовка

Верувам дека на многумина од вас палачинките им се омилени и дека не можете да им одолеете. Ова е еден предлог од мене, за посна и здрава верзија на палачинки, кои можете да ги јадете без грижа на совест и кои ќе ве освојат со својот вкус. Тие се многу вкусни, здрави и доволно хранливи, за да ве исполнат со енергија. Подготовка е брза и само со неколку состојки ќе добиете неверојатно вкусен доручек.

Подготовка

1. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, блендираме до добивање на структура на брашно.
2. Сега ги додаваме бананата, ванилата и 70 мл од овесното млеко. Блендираме до хомогенизирање.
3. Добиената смеса ја префрламе во подлабок сад, па го додаваме останатото млеко (по потреба до добивање на средно густа смеса). Додаваме цимет и пециво, соединуваме.
4. Во загреана, нелеплива тава, на умерена температура, ставаме од смесата (јас ги правев малечки, ставам околу 1 рамна г.л. од смесата). Откако ќе се испечат од едната страна, превртуваме и од другата страна да се допечат. Послужуваме веднаш, јас во комбинација со мед, а одлично одат и со путер од кикиритки.

На здравје!