Црн ориз со зеленчук и маринирано тофу
Состојки
- 160гр. црн ориз
- 1/2 страк праз
- 1 тиквичка
- 1 поголем морков
- 4-5 лажици соја сос
- 1 лажичка сецкан свеж ѓумбир
- 100гр. маринирано тофу сирење
- малку сусам, сецкани перца од млад кромид
- по потреба сол, црн бибер и маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. Ставете го оризот да се вари.
2. Во тава на сосема малку масло пропржете го тофу сирењето. Тргнете го настрана.
3. Во истата тава ставете маслиново масло. Откако маслото убаво ќе се загрее, додајте го празот, исечен на потенки кругови, тиквичката и морковот, исечени на тенки ленти. Пржете кратко на посилен оган. Зеленчукот нека остане крцкав. Пред да исклучите, ставете го сецканиот ѓумбир, соја сосот, тофу сирењето, малку сол и бибер. Измешајте убаво.
4.Сварениот ориз исцедете го и додајте го во тавата. Измешајте. Послужете го со наросување на сусам и сецкани перца од млад кромид.