Испечати

Вегански бисквити

Вегански бисквити

Состојки

  • 150 мл аквафаба
  • 1 лажица лимон
  • 2 лажици агаве сируп
  • 3 лажици кокосов крем
  • 1 лажица арома од ванила
  • 3 лажици агаве сируп
  • 3 лажици кокосово масло
  • 250 гр брашно од просо
  • 2 лажички пециво

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме аквафабата и лимоновиот сок. Матиме со миксер на најголема брзина околу 5-6 минути. Го додаваме агаве сирупот, матиме уште 6-7 минути, додека не се добие пенеста, бела смеса. Оставаме на страна, додека да го подготвиме другиот дел.

2. Во друг длабок сад го ставаме кокосовиот крем, аромата од ванила, агаве сирупот и кокосовото масло, мешаме со лажица. Во смесата ја додаваме изматената аквафаба, нежно со лажица промешуваме. Постепено го додаваме брашното, мешајќи со жица за матење. Ја додаваме солта и прашокот за пециво.

3. Смесата ја ставаме во кеса за украсување чиј врв го сечиме да се добие отвор со големина од околу 1цм( или во шприц за украсување ) и формираме бисквити со должина од 4-5 цм, во плех, на хартија за печење.

4. Печиме во загреана рерна на 170 степени 12-13 минути. Готови се кога ќе поруменат на рабовите. Оставете убаво да се изладат.