Испечати

Печен шеќер (со ореви и чоколадо)

Печен шеќер (со ореви и чоколадо)

Состојки

  • 500 гр Шеќер
  • 150 мл Млеко
  • 50 гр Чоколадо (за готвење)
  • 100 гр Ореви (сецкани)

Подготовка

Ова е еден десерт, кој совршено одговара со шоља кафе. Рецептот за овој печен шеќер е еден од постарите рецепти, кои со задоволство го приготвувам.

Подготовка

1. Во тенџере (на умерена температура) карамелизираме 150 гр од шеќерот до добивање на бакарна боја.
2. Потоа го додаваме млекото (внимавајќи да не прска), па ја додаваме останатата количина од шеќерот. Мешаме да се стопи шеќерот, температурата ја појачуваме за еден степен и откако смесата ќе почне да врие, почнуваат да се создаваат меурчиња, продолжуваме да готвиме со постојано мешање уште најмногу 4-5 минути.
3. Сега го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи. Па ги додаваме оревите, соединуваме.
4. Во соодветен сад (врз мрсна хартија, или само намрсен со масло) ја истураме смесата, рамниме и оставаме на ладно да се стегне. Потоа сечеме парчиња во големина по желба, и послужуваме со кафе.

На здравје!