Урмашици со пире од јаболка
Состојки
- филџан- 100 мл
- За шербет
- 3 филџани вода
- 3,5 филџани шеќер
- 1 филџан пире од јаболка
- За тесто
- 2 јајца
- 1 филџан стопен маслац или маргарин
- 1 филџан шеќер
- 1 филџан пире од јаболка
- околу 7 филџани брашно
- 1 ќесиче прашок за печење
Подготовка
Подготовка
1. Најпрво спремете го шербетот за да има време да излади. Ставете ги сите состојки во тенџерче на рингла и откако ќе зоврие варете уште 5 минути на ниска температура. Тргнете на страна да се лади.
2. Измешајте ги јајцата со шеќерот, со рачна маталка, постепено мешајќи, додавајте ги прво течните, па сувите состојки и замесете средно тесто.
3. Од тестото земајте мали парчиња кои ќе ги обликувате долгнавесто и ќе ги сплеснувате на ситната страна на рендето.
4. Наредете ги во плех и печете ги на 180С околу 25 минути зависно од силата на рерната.
5. Печените колачи прелијте ги жешки со ладниот шербет. За отприлика сат време можи да ги послужите.
*За оригиналниот рецепт е потребно мармалад (пекмез) од јаболка кој има темна боја. Како во наше поднебје не сум сретнала таков, а сум начекала купечко пире од јаболка, решив со него да ги направам. Во овој случај додадов уште еден филџан брашно (вк. 7)