Испечати

Мозаик торта

Мозаик торта

Состојки

  • 2 различни ролати
  • 0,5 кг кисела павлака
  • 120-150 гр шеќер
  • 50 мл слатка павлака

Подготовка

Подготовка

1. Ролатите е убаво да се направени домашни, но секако можи да се користат и готови купени, да се со различен фил по боја ефектот ќе е поголем. Јас користев домашно спремен Ролат со мармалад и купен ролат со овошен фил.

2. Изматете ја киселата павлака со шеќерот и откако ќе се стопи додадете ја слатката павлака. Смесата не треба да е густа, а разликата во шеќерот е во зависност колку сакате да ви е благо, т.е. колку е благ филот во ролатите. Јас користев 120 гр и вкусот беше одличен.

3. Исечете ги ролатите на парчиња со околу 2 см ширина.

4. Калап на откопчување број 26 тенко со 2 лажици од филот премачкајте го на дното, па наредете ги парчињата ролат. Истурете половина од филот внимавајќи да навлези и во шуплините меѓу парчињата, потоа наредете уште еден ред од парчињата ролат и повторно премачкajте со остатокот од филот.
Украсете по желба. Двете врсти на ролат можи да ги ставате по една врста во ред или пак мешано, како ви е по желба.

5. Откако е се готово, благо исчукајте го калапот со тортата од работната маса за филот убаво да навлези насекаде.

6. Оставете ја 10-15 мин на собна температура, па потоа во фрижидер барем еден час, а најдобро преку ноќ пред да ја послужите.