Испечати

Фугасе со маслинки (француски леб)

Фугасе со маслинки (француски леб)

Состојки

  • 4 чаши брашно (200 мл)
  • 2 лажички сол
  • 1/4 лажичка сув квасец
  • 1 лажица исечкан свеж рузмарин
  • 1 лажица исечкан свеж босилек
  • 1/2 чаша исечкани маслинки
  • 2 чаши вода

Подготовка

Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во вангла и кратко измесете ги, колку да се спои. Ванглата прекријте ја убаво со најлонска фолија, да не влегува внатре воздух и тестото одозгора да не се засуши и оставете ја на собна температура 18 часа.
2. После тоа, префрлете го тестото на набрашнета површина, посипете го одозгора со брашно и поделете го на два дела. Од оваа количина ќе направите две парчиња од овој леб. Не го премесувајте тестото, не го гибајте беспотребно, меурчињата треба да останат во него.
3. Земете го едниот дел и префрлете го на тава прекриена со хартија. Со рака, нежно, развлечете го во овална форма и засечете го. Одозгора премачкајте го со маслиново масло и наросете крупна сол. Покријте го и оставете го еден час.
4. Рерната загрејте ја на 220 степени. Пред да го ставите да се печи, со намрсени прсти, подотворете ги дупките каде што е сечено (ако има потреба). Печете отприлика 25 минути, или по ваша желба во зависност од тоа колку сакате да е печен лебот.