Испечати

Коцки за супа

Коцки за супа

Состојки

  • 2 голем кромид
  • 3 средни моркови
  • 1 голем компир
  • 3 страка целер
  • 30 мл. маслиново масло
  • 200 гр. сол

Подготовка

Подготовка:

1. Зеленчукот го лупиме, ги сечиме на поголеми парчиња и ги додаваме во сечко. Ако немате сечко исечкајте ги на многу ситно.
2. Во голема тава, на оган, ги додаваме маслиновот масло, сечканиот зеленчук и солта. Солта ќе му помогне на зеленчукот да ја извади целата вода. На тивок оган, додека мешаме постојано, со лажица го пржиме зеленчукот, додека не испари целата вода што ја испушти зелунчукот.
3. Откако ќе испари водата, зеленчукот го пасираме со блендер, додека смесата не стане кашеста.
4. Кашата ја враќаме повторно на тивок оган и додека целосно не се згусти т.е смесата треба да е комплетно исушена од водата.
5. Потоа смесата ја префрламе врз хартија за печење и и даваме квадратна форма со помош на лажица, ја покриваме со друг лист хартија за печење и ја ставаме во фрижидер најмалку 12 часа или додека заледи.
6. Откако ќе заледи исечете го на коцки.