Посна паштета од наут (без масло)
Состојки
- 250 гр сварен наут
- 100 гр непечени индиски ореви
- 1 лажиче сенф
- 1/2 лимон (само сокот)
- сол и бибер по вкус
- 1 лажица путер од кикиритки (домашен)
- вода од сварениот наут
Подготовка
Паштета која редовно ја правам, без разлика дали се пости или не. Вкусна е, хранлива и заситна.
1. Индиските ореви ставете ги во вода, околу 7-8 часа. Исцедете ги.
2. Многу едноставно се подготвува, сите состојки ставете ги во блендер, зачинете по вкус и постепено додавајќи од водата во која се варел наутот блендирајте до посакуваната густина. Со препечено лепче е идеален доручек.