Полнети пиперки со зеленчук и просо
Состојки
- 4 црвени пиперки
- 2 лажици маслиново масло
- 70 гр просо
- ½ главица кромид
- 3 чешнина лук
- 1 морков
- 70 гр грашок
- 300 мл топла вода
- 100 мл доматен сок
- 2 лажици густ доматен сос
- ½ лажиче сол
- 1/4 лажиче црн пипер
- ½ лажиче мешан сув зачин
- 3 лажици пржени шампињони
- дополнително
- 200 мл доматен сок
- 100 мл вода
Подготовка
Подготовка:
1. Кромидот го сецкаме и го ставаме да се пржи во сад на оган, во кој ни е ставено маслиновото масло. Пржиме неколку минути. Лукот и морковот ги сецкаме. Во тавата со кромид го додаваме лукот, морковот и просото, кратко пропржуваме. Ги додаваме густиот доматен сос, доматниот сок и дел од водата. Промешуваме. Го додаваме грашокот и зачините, оставаме да се вари на средна температура, повремено промешувајќи и ја додаваме и преостанатата вода. Вариме додека не испари течноста (околу 25 минути ). Ги додаваме испржените шампињони, промешуваме.
2. Црвените пиперки ги полниме со филот и ги редиме во сад во кој ќе ги печиме. Ги потураме со доматниот сок и водата. Покриваме со фолија и печиме во загреана рерна на 180 степени 1-1,5 часа, зависно од рерната. 5 минути пред крај ја вадиме фолијата да се потпечат.