Пире плескавици
Состојки
- 1 пакувања инстант пире ( Состојки потребни за подготовка на пирето ги имаме на задната страна од кесичката )
- 5 лажици брашно
- 2 јајца
- 150 грама исечкан кашкавал на коцки
- 100 грама замрзнат микс од зеленчук
- Половина лажица прашок за печење
- 1 лажица микс од семиња
- Сос од павлака
- 150 гр павлака
- свеж магдонос и коријандер
- половина исцеден сок од лимон
Подготовка
Подготовка
1. Имав преостанато пире од претходниот ден и навистина не сакав да го фрлам или пак, како по навика пирето го користиме како прилог со месо, па во оваа ситуација не сакав повторно да правам месо, па пирето го употребив како главно јадење.
2. Во пирето кое е претходно направено (јас искористив инстант пире, кое го направив според упатството напишано на кесичката, а тоа е 120 грама, каде што смесата се дуплира, па од ова добив околу 300 грама пире), додаваме 4 до 5 лажици брашно, половина лажица прашок за печење, јајца, замрзнат микс од зеленчук, една лажица микс од семиња и коцки сечкан кашкавал или може да искористите и некое потврдо сирење.
3. Со лажица црпиме од смесата и додаваме во тава со загреано масло да се пржат. На тивок оган со привремено превртување. Знам дека ваков тип на храна е мрсен, но овие плескавици навистина не примаат масло.
4. Во сад го подготвуваме и сосот, Павлака, сок од лимон, магдонос и коријандер, од ова смеса добиваме прекрасен лесен сос кој оди со секаков вид на зеленчук.
Добар Апетит!