Испечати

Авокадо салса врз крцкав леб

Авокадо салса врз крцкав леб

Состојки

  • 8 кришки леб
  • 2 домати
  • 1 зелена пиперка
  • 1 авокадо
  • 2 парчиња лук
  • 100 гр бело сирење

Подготовка

Подготовка:

1. Парчињата леб ги ставаме во рерна и печеме 10 минути на температура околу 150 степени. Во меѓувреме ја подготвуваме салсата.

2. Доматите и пиперката ситно ги сечкаме. Ги додаваме во тава со малку повеќе масло да се пржат, но само колку да омекнат. Авокадото ситно го сечкаме, кромидот и лукот исто така. Во длабок сад ги мешаме состојките и додаваме сок од половина исцеден лимон, коцки сирење, сол и бибер. Во садот ги додаваме испржените домати и пиперката.

3. Целата смеса ја посипуваме со врелото масло во кои се пржеа доматите и пиперката. Така смесата ја премачкуваме врз печените лепчиња. Со оваа закуска би ви препорачал и чаша јогурт.

Добар Апетит!