Испечати

Пица за почетници

Пица за почетници

Состојки

  • За тесто
  • 2 и 1/2 чаши брашно
  • 1 чаша топло млеко
  • 1/2 чаша газирана вода
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 кесичка (5 гр) сув квасец
  • 1 јајце
  • 1/2 м.л сол
  • 1/2 м.л шеќер
  • мастраф за пицата
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • 10-тина маслинки
  • 2 млади кромидчиња
  • 1/2 црвена пиперка
  • 50 гр дробено сирење
  • кечап, оригано во вкус
  • Забелешка *Користената чаша за мерење е 200 мл.

Подготовка

Убава и брза пица за која не треба многу време поминато во кујна, ниту некоја голема умешност. Тестото е потечно и лесно може да го работите и со миксер со маталките за тесто.
Постапката е следна
1. Рерната уклучете ја да се загрева на 250 степени со решетката поставена во средина, додека го спремате тестото. Во подлабок сад, ставете ги сите состојки за тесто, прво течните, па сувите. Со помала брзина на миксерот или со рачна маталка убаво изедначете го тестото. Тоа треба да е лепливо. Количината е доволна за да обликувате тенко тесто во голем плех од рерна. Плехот убаво премачкајте го со путер. Изедначеното тесто со лажица рамномерно распределете го по целата површина. Тоа и при печењето, (затоа што има квасец) дополнително ќе нарасне.
2. Врз тестото премачкајте кечап и редете кашкавал , сувомеснато и зеленчуци по свој вкус. Јас ставив кашкавал, шунка, малинки, млад кромид, црвена пиперка и ситно дробено сирење. Пред печење наросив и оригано. Печете кратко вкупно 15 мин( околу 10 мин без вентилатор, и последните 5 мин, со уклулен вентилатор.)
На здравје