Испечати

Тестенини со печурки и зеленчук

Тестенини со печурки и зеленчук

Состојки

  • 250 гр макарони
  • 250 гр маринирани или свежи печурки
  • 2 моркови
  • 1 ситно сечкан лук
  • половина главица кромид
  • 200 гр замрзната брокула

Подготовка

ПодготовкаЧ

1. Во тенџере со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат.

2. Во друго тенџере со зовриена вода и сол ги вариме брокулата, морковот и кромидот. Кога зеленчукот ќе се свари го префрламе во длабок сад заедно со остатокот од водата во која се варел (околку една чаша), го зачинуваме со сол, бибер и неколку лажици маслиново масло, и сето тоа го пасираме со миксер за пасирање. Испасираната смеса ни претставува сос за тестенините.

3. Во тава за пржење ставаме коцка путер, каде кратко ги пропржуваме печурките. Во тавата ги додаваме макароните и претходно приготвениот сос. Мешаме за состојките да се соединат и по неколку минути во тавата го додаваме ситно сечканиот лук. Тавата ја тргаме од оган и оставаме смесата малку да отстои за макароните да примат од сосот и миризбата од лукот. Посипува ме со сув или свеж магдонос.

Добар апетит!