Компир „лазања“
Состојки
- Смеса со компири
- 500 гр компири
- 100 гр чадена сланина
- 2 лажици путер
- 100 мл млеко
- Смеса со месо
- 1 главица кромид
- 1/2 кг мелено месо
- 3 лажици доматно пире
- Бешамел
- 2 лажици брашно
- 1/2 л млеко
- 1 лажица путер
- сув зачин, бибер, морско оревче
- 150 гр рендан кашкавал
- 200 гр кашкавал за најгоре
Подготовка
Подготовка:
1. Компирите сварете ги и изгмечете ги. Сланината ситно исечкајте ја и испржете ја. Додајте ја во компирите, додајте го путерот, млекото, зачинете и убаво измешајте. Тавата премачкајте ја со путер и смесата од компири ставете ја на дното. Убаво замазнете ја.
2. На малку масло, ставете го исечканиот кромид да се испржи, па додајте го месото. Пржете го се додека не ја промени бојата. Додајте го доматното пире, сувиот зачин, ориганото, босилекот, зачинете со бибер и смесата ставете ја врз компирите.
3. На малку путер, кратко пропржете го брашното, па додајте го млекото. Мешајте цело време се додека не се згусти. Зачинете со сол, бибер и морско оревче по вкус. Тргнете го од оган и додајте го изренданиот кашкавал. Промешајте и смесата ставете ја врз месото. Одозгора ставете кашкавал, рендан или на парчиња.
4. Печете во загреана рерна на 200 степени, дваесетина минути, се додека убаво не се запече кашкавалот.
5. Ако сакате да извадите убаво целосно парче, јадењето треба да е скоро изладено, кога е топло кашкавалот и бешамелот се разливаат, ама пак така е ептен вкусно.