Крофни
Состојки
- 500 мл. топло млеко
- 10 гр. сув квасец
- 100 гр. шеќер
- 2 ванили
- од 1 лимон рендана кора
- 50 мл. масло
- 1 лажица рум или ракија
- 4 јајца
- околу 1 кг. просеано бело брашно - се додава по потреба
- Уште ни е потребно
- по потреба масло за пржење
- по потреба шеќер во прав замирисан со ванила
Подготовка
Секогаш за крофни, омилени кај нас....
1.Во малку од топлото млеко се раствора квасецот и малку шеќер, па се додава остатокот од млекото и шеќерот, ванилата, прстофат сол, маслото, јајцата, алкохолот, кората од лимон. При тоа, постојано мешате со рачна маталка. Постепено се додава брашното, во прво време мешајќи со маталката, а потоа се меси убаво со раце и се додава брашно, додека се добие меко тесто. Убаво се меси и се остава на топло да дуплира волумен, убаво покриено.
2.Се премесува и се остава повторно да стаса, на работната маса посипана со брашно.
3. Потоа без премесување, со лесни движења на сукалото, отвораме тенка кора, со дебелина на малото прсте. Ги сечиме формите и оставаме повторно да отстојат 30 на минути.
4.Во загреано масло на умерен оган ги пржиме. Ги вадиме на кујнска хартија. По желба ги валкаме во шеќер во прав.
На здравје!