Испечати

Банички со мелено месо (од готови кори)

Банички со мелено месо (од готови кори)

Состојки

  • 500 гр Мешано мелено месо
  • 2 главици Кромид
  • малку Масло
  • 500 гр Кори
  • За попрскување на корите - малку масло.
  • Фил за премачкување
  • 1 коцка Квасец
  • 1 м.л. Шеќер
  • 2 г.л. Брашно (одземени од вкупните 200 гр Брашно)
  • 50 мл Вода (млака)
  • 200 гр Брашно
  • 2 м.л. Сол
  • 50 мл Масло
  • плус 250-300 мл Вода (млака)
  • За посипување - малку сусам.

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво започнуваме со подготовка на месото. Во тава со загреано масло го пропржуваме ситно сецканиот кромид до омекнување. Потоа го додаваме месото, кога ќе биде прикрај ставаме сол и црн бибер по вкус.
2. Потоа започнуваме со подготовка на смесата за премаз. Во длабок сад го ставаме квасецот, шеќерот, 2 г.л. од брашното и 50 мл млака вода. Оставаме да се активира квасецот. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, миксираме до хомогенизирање и добивање на смеса со конзистенција како за палачинки.
3. Сега ги формираме баничките. Секој ролат го правиме од 3 кори (ако се многу дебели може и 2, кај мене беa тенки). Зимаме една кора, прскаме насекаде со масло, па ставаме од смесата за премаз (околу 3 г.л.) премачкуваме со силиконска четка убаво насекаде по целата површина на кората. Врз неа ја ставаме втората кора, и на истиот начин постапуваме. Врз втората кора се става третата кора, исто така се премачкува со масло и од смесата, па ставаме насекаде од меленото месо. Завиткуваме ролат, кој го редиме во плех врз хартија за печење. Постапката е иста до потрошување на корите (во меѓувреме корите треба да бидат покриени со мокра крпа, за да не се исушат).
4. Формираните ролатчиња ги премачкуваме и одозгора со смесата за премаз, па наросуваме сусам. Печеме во загреана рерна на 200 степени (до заруменување). Откако ќе се испечат, ги покриваме со чаршафче, па со некое ќесе за да омекнат. Ги сечеме на пола и послужуваме додека се топли.

На здравје!