Испечати

Малинова Лимонада

Малинова Лимонада

Состојки

  • 100 гр Малини (свежи или одмрзнати)
  • 2 (120мл) Портокали (сокот)
  • 2 (120мл) Лимони (сокот)
  • околу 1 литар Вода
  • по вкус Мед (или шеќер)

Подготовка

Овој напиток освен што е превкусен, исто така е богат со витамини и минерали, практично во истата мера како и свежото овошје кое е употребено во оваа малинова лимонада. Подготовката е брза, и за кратко време може да уживате во нејзиниот освежувачки вкус.

Подготовка:

1. Малините ги блендираме со мал дел од водата. Потоа ги цедиме преку цедалка, за да се отстранат семките.
2. Лимоните и портокалите ги цедиме, па потоа добиениот сок го процедуваме преку цедалка.
3. Во длабок сад се додаваат сокот од малините, лимоните и портокалите. Ја додаваме и водата. Заблажуваме по вкус со мед (или со засладувач по ваш избор). Послужуваме веднаш.

На здравје!