Розен штангли со рум, ореви, чоколадо
Состојки
- 1 паковање розен кори
- фил
- 750мл млеко
- 200-250гр шеќер
- 125гр путер
- 2лажици рум
- 8лажици полни, мелен орев
- 150гр темно,квалитетно чоколадо
- 40гр какао
- 50гр густин
- мелени ореви за посипување, декорација
Подготовка
Моите омилени колачи.
Подготовка:
1. Во тенџере ги соединуваме млекото, шеќерот, путерот, густинот, чоколадото и какаото. Убаво ја соединуваме смесата да нема грутки. Вариме на тивок оган до благо згуснување. Можеби ќе ви се чини дека смесата е течна, но така треба да биде. Со ладење ќе се згусни доволно. Тука ги додаваме мелените ореви. Убаво соединуваме. Оставаме многу малку филот да се излади, со повремено промешување.
2. Со млакиот фил ги филуваме корите. Ставаме по 5,6 лажици, одприлика. Оди кора, фил, кора....
Најгорната кора не ја премачкуваме. Покриваме со фолија и ставаме некој тежок предмет.
Нека отстои така 1 час.
3. Потоа декорираме по вкус, со растопено чоколадо или со 2,3 лажици од филот, кој сме го тргнале на страна. Сечиме на штангли и послужуваме.