Испечати

Мали лахмаџуни со малку месо

Мали лахмаџуни со малку месо

Состојки

  • Тесто
  • 1 чаша топла вода (250 мл)
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 30 гр путер
  • Месо
  • 250 гр мелено јунешко месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажиче лук во прав
  • 1 помала китка магдонос
  • 1 поголем домат
  • сув зачин и бибер по вкус
  • 2,5 чаши брашно за тестото

Подготовка

Со малку мевце и брашно се добиваат четириесетина мали лахмаџуни. Совршено! За поголемо друштво одлично мезе.

Подготовка:
1. Во топлата вода растворете го квасецот, додајте го шеќерот, путерот, промешајте да се растопи и постепено почнете со додавање на брашното. Посолете по вкус. Отприлика влегуваат две и пол чаши брашно, а тестото треба да е меко. Ставете го во вангла, прекријте го и оставете го да скисни, отприлика четириесетина минути.
2. Сега направете ја смесата со месото. Додајте го изренданиот кромид, изренданиот домат (ако немате свеж, додајте две лажици доматна паста) додајте го лукот во прав, зачинете со сув зачин и доста бибер, додајте ја чадената црвена пипер, исечканиот магдонос и измешајте ја убаво смесата. Не треба да е сува како за ќофте, треба да е доволно мека за да може да се размачкува.
3. Кога е веќе тестото стасано, поделете го на два дела. Секој дел расучете го што потанко можете, буквално. Со некоја чаша која има поширок отвор сечете кругови и редете ги на тава прекриена со хартија.
4. Над секое парче тесто ставете по едно лажиче од месото и размачкајте го по целата површина.
5. Рерната претходно треба да е загреана на 220 степени. Печете ги лахмаџуните отприлика 7-8 минути.

П.С. не ми остана месо за 5-6 теста, па измешав малку сирење, домат, сечкана рукола и ги премачкав. Домашните ми рекоа нареден пат само такви да направам.