Испечати

Веге тортиља

Веге тортиља

Состојки

  • 1 тортиља
  • 1 полна лажица ајвар
  • 1/4 авокадо
  • 3-4 кругови домат
  • 3-4 кругови кромид
  • сечкани маслинки

Подготовка

Тортиљава ја припремив за претходниот веге натпревар, но закаснив да го испратам рецептот. Како и да е, јас убаво си се најадов и пробав нешто ново и вкусно.

Подготовка:

1. Земете една тортиља и премачкајте ја со ајвар. Наредете листови салатка во средината и 1/4 сечкано авокадо. Ставете неколку кругови домат и кромид, посолете малку и додадете сечкани маслинки. 2.Замотајте ја тортиљата, пресечете ја на половина и јадете си ја.