Испечати

Чоко корпи

Чоко корпи

Состојки

  • Чоколадна смеса
  • 130 гр темно чоколадо со 70% какао
  • 3 лажици домашно кокосово млеко
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици кокосово масло
  • Овошен фил
  • 100 гр замрзнати јагоди
  • 5 лажици вода
  • 1 лажица агаве сируп
  • 1 лажица густин
  • 7 лажички путер од кикиритки

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад над пареа го ставаме темното чоколадо да се топи. Откако ќе се стопи ги додаваме кокосовото масло, кокосовото млеко и какаото. Промешуваме.

2. Од смесата ставаме во картиени корпи за мафини ( јас ставив во 7 ), со подебел слој го премачкуваме дното и страните. Корпите ги ставаме во калап за мафини и во фрижидер да се зацврсти смесата. За тоа време го правиме овошниот фил.

3. Во сад на оган ги ставаме јагодите и водата. На средна температура вариме, додека не се одмрзнат и омекнат јагодите. Со виљушка ги пасираме јагодите. Го додаваме агаве сирупот, промешуваме. Смесата ја тргаме од оган, го додаваме густинот и промешуваме да не се создадат грутчиња. Оставаме да се излади.

4. Во секое чоколаднa корпa ставаме по едно лажиче путер од кикиритки. Врз него ставаме по една лажица од овошниот фил. Врз него ставаме од чоколадната смеса да се препокрие овошниот фил (чоколадната смеса повторно стопете ја над пареа). Оставаме во фрижидер да се зацврстат.