Испечати

Домашна посебна пилешка салама

Домашна посебна пилешка салама

Состојки

  • 0,5 кг пилешки стек
  • 2 -3 ловоров лист
  • околу 700 мл вода во која се варел стекот
  • 1 лажиче и малку сув зачин
  • 1/2 лажиче пимент
  • 6-7 зрна црн бибер
  • 5-6 лажици сок од конзервирано цвекло
  • 2 кесички (20 гр) желатин

Подготовка

Подготовка:

1. Стекот е вари со ловоровиот лист најмалку 30на минути во поклопено тенџере.
Потоа се сечка на парчиња, му се додаваат зачините и 2/3 од водата во која се вареше. Се става во бледнер и се блендира.

2. Откако ќе стани каша, се додава постепено последната третина вода и се внимава густината да е како густ јогурт (слична како битолскиот во ладна состојба). Значи 700 мл е репер кој можи да е малку повеќе или помалку во зависност од потребната опишана густина.

3. Пред да почните да блендирате ставете го желатинот во шолја со 50на мл вода да желира. По 10 минути растопете го така што ќе додадете дел од жешката вода во која се варело пилешкото. Мешајте потполно да се стопи. Додадете го кон крајот на мешањето на смесата за паштета заедно со сокот од цвеклото, кој ќе му даде освен убав шмек во вкусот и боја како на купечките салами.

*За поубав вкус, вода додавајте од онаа во која се варел стекот. Доколку не ви стигни додавајте на крај обична вода.

*Доколку не е солен сувиот зачин додадете и сол спрема вкусот. Всушност на крајот течноста пробајте ја и за дотерување со зачините по ваша желба и вкус.
Ваквата салама на јадење многу потсетува по вкус на една паштета која се рекламира како поприродна за разлика од другите.

Пробајте, верувам дека ќе ви се допадни и вам да имате домашна салама без адитиви и емулгатори.