Мафини со праз и маслинки
Состојки
- 3 јајца
- 1 рамно лажиче сол
- 100 гр кисела павлака
- 100 мл јогурт
- 150 мл масло
- 150 гр пченкарно брашно
- 150 гр пченично брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 200 гр сирење
- 100 гр исечкани маслинки
- 1 шолја ситно сечкан праз
- за одозгора, семиња по желба - сусам, чурек, лен, ким, сончогледови семки...
Подготовка
Подготовка
1. Со жица за матење најпрво се разматуваат јајцата, па солта, јогуртот, киселата павлака и маслото.
2. Празот и маслинките исечкајте ги, а сирењето се дроби, па се додадава во смесата.
3. На крај, се мешаат брашната со пецивото и се додаваат со мешање, додека смесата стани еднолична.
4. Полнете ги калапите за мафини со смесата, а одозгора ставете од семињата. Печете на 180С околку 25 минути, односно додека не добијат блага боја одозгора и на допир покажуваат дека се цврсти и испечени во средината.
*Совет: Солените мафини, особено пченкарните препорачувам да ги печите во силиконски калапи, иако јас сепак во книжни ги испеков овие. Но, доколку сакате, додека се свежи, да не ви се лепи кората на хартијата, пробајте да ги премачкате хартиените корпи со малку масло.