Фритули со јогурт и суво грозје, сечени со конец
Состојки
- 2 јајца
- 2лажици шеќер
- 2 ванили
- 400мл јогурт на собна температура
- 1лажиче рум или ракија
- 1 пециво
- 20лажици брашно
- 2лажици суво грозје
- Некое зрно сол
- Масло за пржење
- чист кујнски конец и чисто , подебело кесе за храна
Подготовка
Доаѓа период на карневали, Различни земји и градови имаат различни традиции, обичаи и начини на славење, но едно нешто е заедничко, костимите и желбата за луда забава. Музика, шарени костими, маски за лице, и традиционална храна и пијалоци се присутни на сите забави и паради, низ улиците и плоштадите во светските градови. Неизбежен дел од традицијата е подготовка на фритули, кроштули. Посебно во Далмација. Јас ги обожавам и многу често ги подготвувам, во различни верзии.
Со малку состојки, кои ги имаме дома, може да подготвиме еден куп слатко, миризливо задоволство.
Најчесто ги спуштам во маслото со помош на две мали лажички, но вака е многу попрактично.
Подготовка
1. Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот, ванилите, румот, солта, сувото грозје и јогуртот. Со вилушка се соединуваат. Се додаваат споени брашното и пецивото. Убаво смесата се изедначува.
2. Се префрла во чиста, подебела кеса за храна. Се отсекува на едниот ќош, малку. А пред да почниме да го подготвуваме тестото го подготвуваме садот каде ќе ги пржиме. На рачките на тенџерето цврство врзуваме чисти кујнски конец, кој може и малку да се намасти со масло. Го оставаме тенџерето на оган, да се загрее маслото на тивок оган, никако јак. И додека го подготвиме тестото, маслото е веќе загреано.
3. Со една рака го држиме тенџерето за едната рачка, ради внимателност, не дај боже да не се лизне.
А со другата рака го држиме кесето со отсечен врв, стискаме по малку на кесата, и со помош на конецот ги одсекуваме. Тие лесно пливаат и се пржат во маслото, дури и сами се превртуваат. Ги редиме на хартиени салфетки. Ги редиме на чинија и ги посипуваме со шеќерот во прав.
Уживаме во нивниот вкус.