Мали пити со мелено месо
Состојки
- 500 гр лиснато тесто
- 350 гр мелено јунешко месо
- 1/2 главица кромид
- 2 лажици доматна паста
- зачини -сув зачин, бибер, оригано, босилек, магдонос
Подготовка
Редовно ги правам зашто се брзи, а превкусни.
Подготовка:
1. Лиснатото тесто извадете го да се одмрзне.
2. На малку масло ставете го исечканиот кромид да се потпржи, па додајте го месото. Зачинете го со сув зачин, доста бибер, оригано, малку сув босилек. Пржете го месото додека не ја смени бојата. Додајте ја доматната паста, промешајте убаво и за две-три минути тргнете ја тавата од оган. Додајте го исечканиот магдонос.
3. Лиснатото тесто расучете го и сечете форми во зависност од калапот. Поставете го тестото во калапот, ставете од филот, а краевите премачкајте ги со јајце.
4. Од останатиот дел од лиснатото тесто исечете капачиња, поставете ги врз филот и одозгора премачкајте ги со јајце.
5. Печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво не заруменат. Убави се топли, но и ладни се за мерак.