Испечати

Ролат со мелено месо

Ролат со мелено месо

Состојки

  • За делот од компири
  • 800 гр. компири
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 јајца
  • 2 лажици кисела павлака
  • по вкус сол, мелен црн пипер
  • За делот од мелено месо
  • 600 до 800 гр. телешко или мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, пипер буковска
  • За одозгора
  • 1 лажица ќечап
  • 1 лажица мајонез
  • малку кашкавал и оригано

Подготовка

Лесна подготовка, вкусно и интересно. Се надевам ќе ви се допадне.

Подготовка:

1.Најпрво се подготвува делот со компирот. Компирите се рендаат, се стегаат за да се исцедат од водата што ја пуштаат. Им се додава ренданиот кашкавал, јајцата, киселата павлака и зачините.Се изедначува смесата.
2. Во плех на намрсена хартија се расплескува подготвената смеса и се става да се печи 15-20 мин. на 200 степени. После тоа време се вади од рерна, се завиткува кората со се хартија да излади 5-10 мин..
3. Додека се печи кората, се подготвува меленото месо. На месото му се додава рендан кромид, јајцата, зачини, се изедначува.
4. На кората се распоредува меленото месо и со помош на хартијата се витка во ролат. Се завиткува, стегнува убаво со хартијата и се става да се печи на 180 околу 45 мин..
5. Кога ќе помини тоа време, се вади од рерна, се расекува хартијата и се премачкува ролатот со мешавината од ќечап и мајонез. Се ставаат неколку ленти кашкавал и оригано. Се враќа повторно во рерна, додека се растопи кашкавалот.

На здравје!

*Јас ставив 800 гр. мелено месо, но следен пат ќе го направам со 600 гр., сметам дека ќе е доволно.