Пакетчиња од готови кори, со фил од праз, спанаќ и сирење
Состојки
- 250гр кори, или 10 до 12 танки кори
- Премаз
- 20мл масло
- 80-100мл кисела вода
- 1 јајце
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче бибер
- 1лажиче брашно
- фил
- 2 страка праз
- 1или 2 грста исчистен спанаќ
- 1 јајце
- 100 гр бело сирење, на коцки сецкано
- Масло за пржење
- Сусам
Подготовка
Вкусни, крцкави, сочни пакетчиња нека бидат дел од вашиот утрински појадок или вечера.
Со чаша јогурт се вистинско уживање.
Подготовка:
1. Прво го подготвуваме филот. На загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз. Пред крај го додаваме исчистениот спанаќ. Нека се пржи уште 2,3 минути. Течност не смее да има. Тргаме од оган.
Малку нека подизлади, па додаваме сирење, јајце и по вкус ако треба сол.
2. Во сад ги соединуваме сите состојки за премачкување. Земаме една кора, со четка попрскуваме насекаде од премазот. Во средината ставаме полна лажица фил. Преклопуваме како на сликата и виткаме пакетче. Вака подготвени ги редиме во плех.
3. Од премазот останува 1,2 лажици и него го нанесуваме врз пакетчињата. Наросуваме со сусам.
Печиме околу 25, 30 минути во загреана рерна. Оставаме на решетка малку да се изладат, па сервираме.