Ќофтенца со кисела павлака

Состојки
- 250 гр мелено месо
 - 1 средна главица кромид
 - 2 помали јајца
 - 2 лажици кисела павлака
 - 2 лажици брашно
 - 1 рамно лажиче прашок за печење
 - Сол и зачини сув зачин, прованса зачини, лук во прав, црн бибер
 
Подготовка
Подготовка
1. Ситно исечкајте ја главицата кромид и потоа сите состојки заедно убаво измешајте ги. Оставете ја смесата околу половина час во фрижидер.
2. Потоа со лажиче ставајте од смесата во загреано масло да се пржат. Ова е најбрзиот начин. Но, ако сакате посиметрична форма, тогаш оформувајте ги со намастени раце пред да ги спуштите во маслото за пржење. Јас ги сакав вака рустични, а гостите не беа сигурни спрема изгледот дека е мелено месо во прашање. Секако, од истата смеса можите и плескавици да оформувате и да пржите.