Испечати

Тулумби

Тулумби

Состојки

  • Шербет
  • 1 кг шеќер
  • 600 мл вода
  • 1 лимон
  • Тесто
  • 4 јајца
  • 200 мл вода
  • 200 мл масло
  • 250 гр брашно
  • прстофат сол
  • 2 лажички шеќер

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво го правиме шербетот кој треба да биде густ и ладен. Се става шеќерот и водата во тенџере и се остава да зоврие. Откако ќе зоврие се вари 15мин. На крајот му се додаваат сечкани тркала лимон и сок од лимон. Се остава да олади.
2. Во тенџере се става водата, зејтинот, солта и шеќерот, за да зовријат. Кога ќе зоврие се трга од рингла и се додава брашното. Се меша со дрвена лажица и се враќа на исклучена рингла да се допечи брашното. Тестото се лади.
3. Кога ќе олади тестото се додават едно по едно јајце и се миксира да се добие густа леплива смеса.
5. Се става од тестото во тулумбарник и се истиснуваат тулумбите во ладно масло. Се пржат на умерена топлина. Тулумбите сами се вртат во пржењето .Се трга тенџерето со масло и се вадат тулумбите кои се стават во ладниот шербет. Сега во малку оладеното масло се истиснуваат наредните тулумби.Јас ставав по 5,6 за да можат слободно да растат и да се превртуваат.
Вкусни се да знаете -крцкави.

На здравје!