Испечати

Сарма во вид на полжав

Сарма во вид на полжав

Состојки

  • 1 сторена зелка
  • 500 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 250 гр ориз
  • 1 лажиче црвена пипер
  • сол и бибер по вкус
  • 1/2 лажиче лук во прав
  • 600 мл вода
  • 150 мл масло
  • Сос
  • 2 моркова
  • 1 лажица путер
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 лажици мајонез
  • 50 гр ореви

Подготовка

Подготовка:
1. Зелката исцедете ја и ако ви е многу соленa, измијте ја. Одделете ги листовите и пресечете ги на половина, со тоа што ќе им го извадите средишниот подебел дел. Од еден поголем лист се прават две сарми, ако ви се листовите помали тогаш еден лист, една сарма.
2. На едниот крај распоредете го месото, завиткајте ја во ролат, па во полжав. Истото направете го и со останатите листа.
3. На дното од тавата во која ќе ја печете сармата, ставете малку масло, па исечканиот средишен дел од зелката. Наредете ги сармите и прелијте ги со вода и масло, а претходно во водата растворете 1 лажиче црвена пипер.
4. Преку сармите најпрво ставете парче хартија за печење, па одозгора фолија. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, отприлика час и половина.
5. За смесата со месо, најпрво измијте го убаво оризот и попарете го со жешка вода, да стои половина час. Исцедете го и додајте го во месото. Ставете го и изренданиот кромид, лукчето во прав, црвената пипер, зачинете во вкус со сув зачин и бибер и измешајте ја смесата.
6. За сосот за прилог, морковите изрендајте ги, пропржете ги на малку путер, посолете ги и додајте им бибер по вкус, па кога ќе се изладат во нив ставете ги исечканите ореви, павлаката и мајонезот. Измешајте ја смесата и чувајте ја во фрижидер до служење.