Испечати

Шведски ќофтенца во свиленкаст сос

Шведски ќофтенца во свиленкаст сос

Состојки

  • Месо
  • 1/2 кг мелено месо
  • 1/4 чаша презла
  • 1 јајце
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • 1/2 лажиче морско оревче
  • 1/2 главица изрендан кромид
  • сув зачин и бибер по вкус
  • 1/2 лажиче сув лук во прав
  • Сос
  • 5 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 л говедска супа
  • 1 чаша павлака за готвење
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1 лажица сенф
  • бибер и сув зачин по вкус

Подготовка

Подготовка:
1. Во некој подлабок сад ставете го месото, презлата, магдоносот, изренданиот кромид, зачините и јајцето. Убаво измешајте ја смесата со рака и формирајте мали топчиња.
2. Загрејте во тава малку масло и путер и ставете ги топчињата да се испржат, цело време превртувајте ги за да добијат убава боја од сите страни. Извадете ги настрана од тавата и покријте ги со фолија.
3. Во тавата сега додајте го путерот и брашното и малку пропржете го. Додајте ја говедската супа, ако немате таква можете да растворите 2 говедски коцки во половина литар вода, додајте ја павлаката за готвење, ворчестер сосот, сенфот и зачинете со сув зачин и бибер по вкус. Нека повари некоја минута па додајте ги и ќофтенцата. После минута-две готово е.
4. Може да ги послужите со прилог тестенина, ориз или само со свежа зелена салата, ваш е изборот.