Колач со портокал
Состојки
- 1 (околу 200гр) Портокал
- 1 чаша (200мл) Млеко
- пола чаша (100мл) Масло
- 3 Јајца
- 100-150 гр Шеќер
- прстофат Сол
- 1 Пециво
- 250 гр Брашно
Подготовка
Ова е сочен, ароматичен и мирисен колач, кој лесно и брзо се прави, и одлично оди со кафе или чај во добро друштво. Подготовката е брза и лесна и на следниот начин.
1. Најпрво портокалот го ставаме во сад со вода и сода бикарбона да отстои барем 1 час. Потоа убаво го миеме, па го сецкаме на помали парчиња.
2. Парчињата портокал, млекото и маслото ги ставаме во блендер, блендираме кратко додека се добие еднолична смеса. Оваа смеса сега ја ставаме во длабок сад за матење. Ги додаваме шеќерот, прстофат сол и јајцата. Миксираме кратко до соединување. Го додаваме брашното, соединето со пецивото (просеано), миксираме сосема кратко до добивање еднолична смеса.
3. Добиената смеса ја истураме во тавче број 24, обложено со хартија за печење, а од страните намрсено. Печеме во загреана рерна на 180 степени (проверуваме со чачкалица).
4. Испечениот колач нека се ОЛАДИ потполно, па сечеме парчиња. По желба го премачкуваме со мармалад, ставаме кокос или наросуваме шеќер во прав, или го оставаме така колачот - по вкус.
*Забелешка - Разлика во шеќер ја пишав бидејќи дополнително овој колач може да се нароси со шеќер во прав или да се премачка со мармалад, па да се нароси кокос, и поради тоа добива додатна блажина. Доколку не сакате многу благ колач, ставете 100 гр шеќер, иако мора да напоменам дека блажината зависи и од самиот портокал.
На здравје!