Компир стапчиња
Состојки
- 500 гр компири
- 100 гр нишесте
- 150 гр кашкавал
- 1/2 киска магдонос
- 50 гр сусам
- сол и бибер по вкус
- масло по потреба
Подготовка
Подготовка:
1. Компирите ставете ги во малку посолена вода да варат дваесетина минути. Кога ќе се подизладат изрендајте ги на ситната страна од рендето.
2. Во компирите додајте го изренданиот кашкавал (исто на ситната страна), нишестето, ситно исечканиот магдонос, сусамот, посолете по вкус, додајте бибер и кратко измесете ја смесата, само да се спои.
3. Ставете масло да се загрева на не многу силна температура.
4. На работната маса ставете нишесте, па расучете го тестото, отприлика 3-4 мм. Исечете го на тенки стапчиња.
5. Пржете ги додека убаво не заруменат од сите страни. Не ставајте по многу стапчиња одеднаш, подобро се пржат ако се помалку.
6. Кога се готови ставете ги на хартија да се исцеди вишокот маснотија.