Испечати

Погача со три цвета

Погача со три цвета

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 белка
  • 1 свеж квасец
  • 400мл млако млеко
  • 5лажици масло
  • 1лажиче шеќер
  • 2лажички сол
  • околу 1 кгр брашно
  • за премачкување
  • 30гр путер
  • 1 жолчка + 1лажица масло или млеко
  • сусам и чурек

Подготовка

Подготовка:

1. Во загреаното млеко прво растворете го квасецот и шеќерот. Додадете 1-2 лажици брашно, промешајте и оставете да нарасне околу 10 минути.
2. Во меѓувреме, просејте го брашното во подлабок сад, направете вдлабнатина во средината и додадете две јајца, белките, маслото, солта и квасецот.

3.Замесете меко тесто кое се остава да нарасне покриено со крпа 1 час. Кога тестото ќе нарасне, одвојте парче малку поголемо од тениско топче, тргнете го на страна. Големото тесто ставете го на подмачкана хартија за печење и растанчете го со дланките, префрлете го во плех (пречник 35 см) Користејќи шолја за чај, исечете 3 кругови во тестото. Секое од овие 3 парчиња тесто расукајте го во тркалезна кора со дебелина од околу 3 мм. Намачкајте ги со путер и наредете ги една врз друга. Се сече на 8 еднакви триаголници со нож, a потоа направете мал засек на средината на секој триаголник, не стигнувајќи до рабовите и формирајќи ливче, како што се гледа подолу на фотографијата ...

4. Истата постапка ја правиме и со мало парче тесто кое го одвоивме на самиот почеток, повторно добиваме 8 триаголници, но со таа разлика што одвојуваме еден триаголник на страна. Така добиваме вкупно 15 обликувани ливчиња. Пополнувајќи ги со нив празните места од тестото во тавата.
Во секоја дупка ставаме по 5 ливчиња. Триаголникот што го одвоивме поделете го на 3, направете топчиња и ставете го во средината на секој цвет . Покријте со крпа и оставете да нарасне на топло 1 час.

5. Кога ќе нарасне, премачкајте ја погачата со жолчка со малку масло и посипете ги со сусам и чурек.
Се пече во загреана рерна на 170 степени околу 30 минути. Се остава на решетка да се излади и се послужува.

*Забелешка: Јас правев од половина количина на состојки и печев во тава бр 26,
Прелична, мека погача имавме за појадок