Испечати

Домашна Лимонада

Домашна Лимонада

Состојки

  • 3 Лимони
  • 1 л Вода
  • 3 г.л. Шеќер, плус по вкус Шеќер (или Мед)

Подготовка

За оваа домашна лимонада процесот на подготовка е неверојатно лесен, а нејзиниот вкус освојува уште на првата голтка, и со тоа е совршен освежителен напиток за целата фамилија.

Подготовка

1. Лимоните ги ставаме барем 1 час да отстојат во вода со сода бикарбона. Потоа ги миеме добро, ги бришеме и ја рендаме кората, само жолтиот дел (без белиот дел, бидејќи горчи) на ситната страна од рендето.
2. Ренданата кора ја ставаме во чинија, додаваме 3 г.л. шеќер, промешуваме добро да се добие хомегена смеса, на тој начин етеричните масла и аромата од лимоновата кора ќе се ослободат полесно, и самата лимонада ќе биде поароматична и поконцентрирана. Оваа смеса ја оставаме да отстои 30 минути, со повремено промешување.
3. Потоа ги цедиме трите лимони. Добиениот сок (со количина во зависност од големината на лимоните, кај мене 200 мл) го додаваме кај мешавината на лимоновата кора и шеќер. Промешуваме убаво, па процедуваме во друг сад.
4. Додаваме 1 литар вода и заблажуваме со мед или шеќер по вкус.

На здравје!