Испечати

Солен колач од леќа

Солен колач од леќа

Состојки

  • 200гр. леќа
  • 1 големо чешне лук
  • 2 свежи ловорови листови
  • 1 јајце
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2-3 лажици лебни трошки
  • 1 рака листови свеж магдонос
  • 3 лажици маслиново масло
  • неколку кругови лесно топлив кашкавал
  • по потреба сол, црн бибер

Подготовка

Подготовка:

1. Леќата ставете ја од вечер да отстои во вода. Убаво измијте ја во неколку води. Ставете ја во тенџере со лук и ловорови листови. Налејте вода и оставете да се свари. Сварената леќа убаво исцедете ја и оставете целосно да се олади.

2. Префрлете ја леќата во блендер заедно со магдоносот и изблендирајте ја. Во сад ставете ја изблендираната леќа, јајцето, пармезанот, маслото, лебните трошки, малку сол и бибер. Измешајте убаво со лажица.

3. Калапот во кој ќе печете(22цм) премачкајте го со масло и посипете со лебни трошки. Нанесете половина од смесата. Наредете ги парчињата кашкавал. Одозгора нанесете ја другата половина од смесата. Израмнете убаво. Премачкајте по целата површина со маслиново масло и посипете со малку лебни трошки.

4. Печете на 180 степени, 30 минути, а потоа на 200 степени уште околу 5-8 минути за да фати малку кора. Оставете го колачот малку да се излади. Послужете со свежа салата по желба. Јас искомбинирав со салата од шери домати, спанаќ и црвен кромид.

*Забелешка - Јадејќи го колачов дојдов на идеја за следно правење, освен кашкавал, да додадам и обарен спанаќ или блитва.