Испечати

Роденденски мафини со мармалад од вишни

Роденденски мафини со мармалад од вишни

Состојки

  • 150 гр путер
  • 120 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 3 лажици мармалад од вишни
  • 150 гр брашно
  • 1 лажица какао
  • 6 гр пециво
  • прстофат сол
  • 12 лајчиња еурокрем
  • 12 хартиени корпи
  • 200 гр слатка павлака

Подготовка

Мафините ги направив за првиот роденден на мојот внук Петар, со декорација Мики Маус.
1. Путерот и шеќерот се матат со миксер.
2. Се додаваат јајцата и заедно се матат.
3. Се додава мармаладот, брашното измешано со какаото, пецивото и солта. Сето тоа убаво се миксира и се полнат корпињата по 1 полна лажица од смесата и 1 лајче еурокрем над секој мафин.
4. Се пече во загреана рерна на 180С-15мин.
5. Кога ќе оладат се става матена слатка павлака. Наздравје!