Испечати

Путер кифли со сирење

Путер кифли со сирење

Состојки

  • 1 г.л. Шеќер
  • 1 г.л. Сол
  • 1 коцка Квасец
  • 100 мл Масло
  • 500 мл Млеко (млако)
  • 2 Белки
  • околу 1 кг Брашно (просеано)
  • За премачкување - 2 Жолчки плус малку млеко.
  • За посипување - Сусам
  • Плус околу 100 гр Путер (растопен) и 200 гр Сирење.

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво го активираме квасецот, со додавање на шеќерот, 1 г.л. од брашното и 100 мл од млекото.
2. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, од кои брашното на крај, и го додаваме постепено до замесување на глатко, меко, еластично и нелепливо тесто. Го покриваме со крпа и го оставаме да стаса.
3. Стасаното тесто го делиме на 2 дела. Од секој дел тргаме по 12 малечки топчиња, и добиваме вкупно 24 топчиња (тие ни се потребни за малите топчиња во средина). Потоа секој дел го делиме на уште 8 еднакви делови, сега добиваме вкупно 16 делови кои ги формираме во топки (ги покриваме со крпа за да не се сушат).
4. Сега почнуваме со формирање на кифличките на следниот начин - Зимаме една топка, ја расукуваме во големина колку чинија, ја премачкуваме со растопен путер, па ставаме дробено сирење врз неа (истото го повторуваме и со 2-та и со 3-та топка, и ги ставаме една врз друга), а 4-та топка само ја расукуваме, па ја ставаме врз сите три расукани топчиња. Од сите 4-ри наредени кори со сукало расукуваме малку, па добиената кора ја сечеме на пола, па секоја половина на уште по 3 дела, значи добиваме 6 кифлички. На секоја кифличка краевите ги свиткуваме кон средината, притискајќи со прстот (видете додатни слики).
5. Постапката е иста и со останатите топчиња. Вкупно се добиваат 24 кифли, кои ги редиме во плех врз хартија за печење, ги покриваме и ги оставаме да стасаат.  Потоа ги премачкуваме со жолчките плус малку млеко, ставаме сусам, во средината притискаме со прстот, за да не се отворат крајчињата, па го ставаме малото топче (брцнато прво во жолчките, па во мешавина од бел и црн сусам). Печеме во загреана рерна на 200 степени, до заруменување. Испечените кифли ги премачкуваме со растопен путер.

На здравје!