Испечати

Спанаќ со мелено месо и компир во рерна

Спанаќ со мелено месо и компир во рерна

Состојки

  • 1 праз или 1 кромид
  • 300-350 гр мелено месо
  • 300 гр спанаќ
  • 2 компири
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • 3 чешниња лук
  • 150 мл доматно пире или сос
  • 3 помачи јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 150 мл млеко
  • сол, бибер, сув зачин. прованса зачини
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Подготовка

1. Во тавата во која ќе го спремате јадењето ставете го празот или кромидот исечкан и кратко запржете го заедно со исечканата пиперка. Додадете го меленото месо и пржете додека запржи, односно ја смени бојата, па додадете ги компирите исечени на поситни парчиња.

2. По 10на минути динстање со мешање, додадете го исечкан доматот и лукот. Потоа додадете го исечкан спанаќот и мешајте додека се издинста и испари водата од него. Откако ќе испари водата, додадете го доматниот сос и и зачините и пржете со често мешање додека се згусти и сè се соедини.

3. Сето ова работете го на средна температура на рерната. Внимавајте компирот да биде најмалку полузготвен. Тргнете од рингла и додадете го преливот составен од разматените јајца, кисела павлака и млеко со малку сол.

4. Одозгора изрендајте кашкавал и ставете ја тавата во загреана рена на 200С да се печи 20на минути, односно до цврстина на преливот и негово отемнување.

5. Печената тава, кога малку ќе подизлади изечете ја на посакуваните парчиња и послужете ја со кисела павлака и некоја салата.