Испечати

Розен кори или обланди со алва и локум

Розен кори или обланди со алва и локум

Состојки

  • 1 пакет розен кори или обланди
  • 350 мл вода
  • 150 гр шеќер
  • 1 кг локум
  • 400 гр алва
  • 2 лажици какао
  • 200-250 гр мелени ореви
  • Глазура
  • 100 гр црно чоколадо + 60 мл слатка павлака
  • 50 гр бело чоколадо + 30 мл слатка павлака

Подготовка

Подготовка

1. Водата и шеќерот се ставаат да зовријат 1 минута. Се додава локумот исечен на парчиња и откако скоро сиот ќе се стопи се додава иситнета алвата и какаото.

2. Кога се хомогено ќе се соедини се трга од рингла и се додаваат мелените ореви. Се филува топло со отприлика по 7 лажици на розен кора.

3. Филуваните кори се потиснуваат со тежок предмет и се оставаат така преку ноќ или неколку часа да се соединат и филот да се здрви.

4. Потоа се премачкуваат со стопено црно чоколадо и се шараат со белото или секако како ви е желба. Се оставаат 15на минути до половина час во фрижидер и се сечат на посакуваните парчиња. Ви препорачувам да ги сечите на коцки.