Испечати

Колачиња - љубовни писма

Колачиња - љубовни писма

Состојки

  • 200г путер (собна температура)
  • 100г шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 300г брашно
  • мармалад по потреба
  • коктел цреши по желба
  • малку шеќер во прав

Подготовка

Подготовка

1. Путерот го матиме со шеќерот. Го додаваме јајцето. На крај го додаваме и брашното, мешаме добро и тестото го виткаме во најлонска фолија. Го оставме во фрижидер 2 часа да се стегне.
2. Потоа тестото го расукуваме во кора со дебелина од 4-5мм. Со калапче или нож сечеме квадрати со големина по желба (5-8цм).
3. Го обложуваме плехот за печење со хартија за печење и квадратите ги редиме на хартијата. По желба ставаме една лажичка мармалад, на средината, на секој квадрат. Потоа ги виткаме сите агли навнатре и притискаме во средината, за да ја задржи формата. Каде што се спојуваат аглите може по желба да ставите половинка коктел цреша или со мал секач за колачи да извадите мали срциња од тестото. По желба може да го оставите пликцето отворено, така што ќе свиткате само три агли кон средината, а еден ќе го оставите како што е.
4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Оставете ги колачињата целосно да се оладат по печењето, па може да ги поросите со шеќер во прав и да им ставите мармалад по желба. На здравје!